А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е прва во регионот со најмногу починати на милион жители од коронавирус

by А1он26/05/2020 - 09:20160
Share0

„Владата на Заев и на СДСМ доживеаа вистинско фијаско во справувањето со пандемијата. Граѓаните се жртви на неспособноста на оваа Влада.

Следете a1on на Instagram Instagram

Статистичките показатели за епидемијата во Македонија се поразителни. Речиси 2 илјади граѓани се заболени од почетокот на кризата, a 113 наши сограѓани ја загубија борбата со вирусот, голем дел на патот кон болницата. Дел од нив немаа шанса навреме да се тестираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Владата на СДСМ се фали со успесите во справувањето со пандемијата, во последните 5 дена Македонија има најголем број на новозаразени на 1 милион жители.

Македонија е на второто место и по вкупниот број на заразени на милион жители во регионот, но и по бројот на активни случаи на 1 милион жители.

Следете a1on на Youtube YouTube

Македонија е прва со црната статистика со најголем број починати на 1 милион жители во регионот.

Додека македонските граѓани живеат со последиците од неспособноста на власта во справувањето со коронавирусот, Заев агитира за брзи корона избори, избори кои го загрозуваат здравјето на граѓаните со единствена цел да го намали поразот.

Анкетите велат дека над 70 проценти од граѓаните се против брзи избори во јуни. здравјето мора да биде приоритет за одговорните политичари.

Граѓаните препознаваат кој работи во нивен интерес, а кој за свои лични и теснопартиски интереси.

Казната за ваквото однесување од граѓаните за Заев ќе дојде на следните избори.

Оваа влада на Македонија и донесе хибриден режим, сиромаштија и корупција“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео