ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е единствената земја во Европа во која патриоти во монтиран случај се обвинети за тероризам

Од:

„Македонија е единствената земја во Европа во која патриоти во монтиран случај се обвинети за тероризам само затоа што гласно го кажале својот став, кој е спротивен на власта.

За демонстрацијата на сила и самоволие да бидат уште повпечатливи, обвинетите се држат во притвор без да им се земе изјава или да им се почитува правото на одбрана.

Во изминатите 8 месеци се прекршија сите принципи на владеењето на правото и дрмократијата. Недозволиво е во земја аспирант за влез во ЕУ и НАТО да има политички затвореници кои сеуште немаат фер услови за докажување на вистината.

Само во афрички диктатури се казнува и затвара без докази и треба да се докажува невиноста, наместо обратно.

Судовите, оваа влада предводена од СДСМ ги претвори во обични егзекутори на политичкото самоволие.

Институциите се создадени за да служат на сите подеднакво и да одлучуваат врз претхоно определени принципи за работа. Не смее да има двојни аршини кога се работи за луѓе блиски на власта или на тие што ја критикуваат. Не смее за пратеници од листата на владеачката партија да бидат повлечени обвинувањата за уништување на државен имот, а во притвор да се држат патриоти чиј единствен грев е што си ја сакаат својата татковина.

Мерката притвор се злоупотребува како казна за тие што се спротиставуваат на деструктивната и расипничка влада на СДСМ. Со тоа се прави обид да се замолчат сите кои не се согласуваат или и стојат на патот на недемократската власт.

Судиите мора да покажат интегритет и несмеат да потпаѓаат под притисок на политички моќници кои кога тогаш ќе бидат симнати од власт.

Судот и сите останати институции мора да работат исклучиво во интерес на граѓаните и согласно законот. По промената на власта сите пресуди и одлуки може да биат преиспитани“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ