ВМРО-ДПМНЕ: Македонија четири години добива позитивни извештаи од ЕК

Од:

Четири години по ред Република Македонија добива позитивни извештаи од страна на Европската Комисија и препорака за почеток на преговорите со Европската Унија, но СДСМ никогаш не собра храброст да ги поздрави позитивните чекори кои што Република Македонија ги правеше досега, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски.

Партијата истакнува дека четири години СДСМ ја критикува сопствената држава за се што треба и не треба, мислејќи дека на тој начин ќе ја смени власта, не сфаќајќи дека со тоа само и нанесува штета на државата.

– За разлика од ваквата пракса, СДСМ никогаш не собрале храброст да коментираат и да признаат кога пристигнуваат пофални зборови од било која европска и меѓународна институција, велат од ВМРО-ДПМНЕ, притоа посочувајќи дека Манчевски денеска одбил да ги коментира реакциите од ОБСЕ за предлог-законите за медиуми и за аудиовизуелни медиумски услуги.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела