ВМРО-ДПМНЕ: Лoкалните избори надеж за транзиционите политичари

Од:

Престојните локални избори се надеж за спас на политичките кариери на луѓето од транзицијата. И Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски поддржуваат кадри кои се нивни лични соработници од времето на приватизацијата и матните зделки, смета владејаката ВМРО-ДПМНЕ.

Пример за тоа, посочува партијата, е и Борче Стефановски кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба од СДСМ и Коалицијата

– Тој веќе веќе беше градоначалник на оваа општина и во тој период преку ноќ стануваше сопственик и директор на скапи објекти и фарми вредни милиони. Весникот Дневник на 25 март 2002 година пишува дека Борче Стефановски станува директор на живинарска фарма Белимбегово која е купена за 500.000 германски марки, имот кој бил проценет на девет милиони. Исходот на оваа бизнис зделка само година подоцна е 210 вработени кои со месеци не земаат плата и огромен помор на фармата. Односно објектот е купен под реалната вредност, а неговиот капитал обезвреднет- истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, АлександарБичиклиски.

Тој додаде дека неколку месеци подоцна Стефановски ја купува втората по големина живинарска фарма во земјава, во Гевгелија, дел од ЗИК „Винојуг“, купена, како што рече, за 570.000 германски марки.

– Останува дилемата, дали со оваа кандидатура политичките ментори му се одолжуваат лично на Борче Стефановски за неговите услуги и дали и какви бизниси овој пат тој има ветено на коалицијата на СДСМ- вели Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ