ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е Шеќеринска да зборува за сиромаштија

Од:

Читаме што изјавила синоќа Шекеринска и не можеме да поверуваме. Нејзината  изјава е врв на лицемерие, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната изјава на Радмила Шеќеринска.

„Госпоѓата Шекеринска е човек кој што најжолчно ја бранеше продажбата на ЕСМ иако сите експери, дел од нив денес се членови на СДСМ, тврдеа дека со продажбата на ЕСМ струјата во Македонија ќе поскапи.

– Радмила Шекериснка беше потпретседател на Влада, која за ниту еден денар не ги покачи пензиите на граѓаните, социјалната помош и платите на вработените во образованието, здравството, културата, полицијата и војската.

– Да биде иронијата поголема за сиромаштијата говори функционер во СДСМ кој на својот имотен лист има пријавено меѓу другото богатство   дури 5 стана во Скопје, со вкупна површина од близи 400 м2. Едниот од становите пријавен на имотниот лист на Радмила Шекеринска е со големина од 178 м2. Е тоа е иронија!!!

– Државен функционер кој што во својот мандат не направил ништо за подобрување на стандардот на граѓаните, а живее во луксус денес зборува за сиромаштија.

– Граѓните на Република Македонија веруваат дека продажбата на ЕСМ била бомбона бизнис“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?