ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да се грижи за стандардот на граѓаните

Од:

Крајно лицемерно и неодговорно e СДСМ да се однесува како душегрижник за стандардот на граѓаните и сиромашните. За тоа требаше да размислува во времето на првиот мандат на Црвенковски кога сиромаштијата вртоглаво растеше и кога стотици илјади лица останаа на работ на егзистенцијата, поради неговата криминална приватизација.

Ова се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски на која побара Регулаторната комисија за енергетика да ги повлече донесениот правилник и тарифниците за цената на струјата и парното греење.

Кога СДСМ изразува загриженост за цената на електричната енергија треба да се запраша зошто Владата на СДСМ во 2006 година го продаде ЕСМ на австриска ЕВН за евтини пари непосредно пред парламентарните избори. Тогаш не само што го ставија во залог социјалниот стандард на граѓаните, туку и на ЕВН со купопродажниот договор и овозможија долгогодишни повластици, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија истакнуваат дека граѓаните знаат оти СДСМ се обидува да ќари некој политички поен на поскапувањата, иако, како што се наведува, за голем дел вината директно или индиректно ја сносат функционерите на СДСМ со штетните потези кои ги носеле во минатото.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?