ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да говори за справување со загадувањето

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ да знаеле како да се справат со загадувањето тоа ќе го направеле во Куманово каде, како што велат од партијата, 27 години ја имаат локалната власт, а не е подобра и состојбата и во Струмица.

– Токму овие градови се едни од најзагадените во Македонија. Во Куманово на пример, СДСМ систематски кумуваше на сообраќајниот и урбанистички хаос и депониите кои секој ден се појавуваа среде град кои придонесуваат за загаденоста. Како што гледаме СДСМ и локалната власт во овој град не мрднаа со мал прст, затоа што не знаат и немаат конкретни решенија и мерки, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на СДСМ во врска со квалитетот на воздухот.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека СДСМ лицемерно зборува за квалитетот на воздухот и за некаква наводна гасификација која ќе ја правеле по теркот на Струмица и Куманово, кога, како што потенцираат во соопштението, во овие два града постои само фиктивна гасификација од која граѓаните немаат никаков бенефит, нема поквалитетен воздух, туку само се злоупотребува за лични богатења на партиски функционери.

– Проблемот со квалитетот на воздухот се решава со мноштво мерки кои СДСМ нема капацитет да ги спроведе ниту на локално, а камоли на централно ниво, потенцира ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ