ВМРО-ДПМНЕ: ЛДП не следи што се случува – Груевски два дена е во Македонија

Од:

ЛДП денес прати несериозно и неточно соопштение, како воопшто да не следат политика во државата.

Премиерот Никола Груевски веќе два дена е во Македонија и денес даваше и изјава за медиумите, а ЛДП како да се изгубени во просторот, па денес пуштаат беспредметни соопштенија до јавноста, порача ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција за денешното јавно обраќање на ЛДП.

„Впрочем и што друго да се очекува од партија која единствено опстанува на политичката сцена само како приврзок на СДСМ. Тоа што СДСМ се срами да го каже, или не е сигурна, тоа го кажува ЛДП. Ако ЛДП беше барем малку сериозна и одговорна партија, немаше да ги користи случувањата во Скопје за добивање на ефтини политички поени“, порача ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето до опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела