ВМРО-ДПМНЕ лаже, Законот за внатрешни работи е во согласност со препораките од ГРЕКО

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја лаже јавноста овојпат за функционирањето на Министерството за внатрешни работи. Лага е дека измените на Законот се спротивни на препораките од ГРЕКО, напротив, тие измени се прават токму по добиените препораки се вели во реакцијата од СДСМ на прес конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Со измените на Законот се предлага унапредување на интегритетот на вработените во Министерството за внатрешни работи како и на кандидатите за вработување во МВР. Имено, како нов услов за засновање на работен однос е предложено кандидатот да има положено Тест за интегритет. За постојните работници, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот, преку спроведување тест за професионален интегритет. Со измените се предвидува и деполитизација на МВР односно се забранува работник на Министерството да членува во политичка партија, што досега не беше случај се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?