ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДСМ се провидни и граѓаните ги разоткрија

Од:

„Ако продолжи врхушката од СДСМ да вработува свои роднини во администрација за дебели хонорари просечната плата ќе расте, а огромниот број на граѓани ќе осиромашува. Граѓаните многу добро ги чувствуваат по својот џеб погрешните политики на овој криминален картел на власт.

Впрочем дека се работи за статистичка гимнастика и нереален раст на плати говори и фактот што власта го укина условот за раст на пензиите кој беше поврзан со растот на просечната плата. Да постоеше навистина реално растење на платите и повеќе пари во македонската економија тогаш немаше да биде проблем и пензиите да растат со пропорционалното растење на платите. Но реалноста е дека преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата.

Лагите на СДСМ се провидни и граѓаните веќе ги имаат разоткриени. За ова ќе бидат казнети на избори и со тоа ќе почне демонтирањето на криминалниот картел на власт и деспотот Заев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната