А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Куманово и Струмица се едни од најзагадените општини во државата

by А1он13/01/2017 - 15:2278
Share0

„СДСМ не престанува со лагите и манипулациите во врска со квалитетот на воздухот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Лажното душегрижништво на СДСМ се гледа во самиот факт што токму општините раководени од СДСМ, Куманово и Струмица се едни од најзагадените општини во државата, но тоа Пеце Мирчевски свесно одбегнува да го спомене.

Токму од овие општини стигаат информации за зголемен број граѓани кои се жалат на квалитетот на воздухот и влијанието врз нивното здравје.

Лицемерието на СДСМ не застанува само тука.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тие зборуваат за гасификацијата, а забораваат да кажат дека токму овие два града за кои се запенија од зборување дека наводно ги гасифицирале се едни од градовите со највисоко ниво на загаденост. Овој факт целосно го поразува концептот на аболицираниот Заев и СДСМ и нивните нереални ветувања кои во континуитет ги даваат. Тоа само покажува дека во овие градови не е направено ниту Г од гасификација на домаќинствата и се е само виртуелно и фиктивно со цел партиски фирми на СДСМ да се богатат.

Решавањето на проблемот со квалитетот на воздухот бара сеопфатно решение на кое што ВМРО-ДПМНЕ веќе работи, а не со нереални и од ракав истресени предлози и проекти.

Граѓаните ги казнија лагите и манипулациите на СДСМ на изборите на 11-ти декември. Тие јасно им покажаа дека не даваат поддршка на лицемерието на СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Пеце Мирчески.

dpmne

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео