ВМРО-ДПМНЕ: Кумановчани се свесни колку многу направи за нив Владата на Република Македонија

Од:

„Г. Зоран Дамјановски е градоначалник на Општина Куманово 8 години и не изгради ниту еден капитален проект. Зоран Дамјановски не реши ниту едно крупно прашање и проблем, кој ги мачи кумановчани. А пред изборите вети многу, а ништо не изгради.

– Зад работата на Зоран Дамјановси се провлекуваат низа афери, хаотично финансиско работење на јавните прептријатија, матни бизниси и зделки. Граѓаните се разочарани од неговата работа.

– Ниту едно правдање на Дамјановски зошто Куманово стагнира не е издржано. Нема веќе оправдувања. Бидејќи постојано Дамјановски вината ја наоѓа кај другите, ние денес јасно и многу конкретно ќе посочиме што направи Владата за Куманово.

– Тука сме да потсетиме, бидејки и самите граѓани и жителите на Општина Куманово добро знаат и се благодарни дека:

  •   Патот Куманово – Пчиња го направи Владата на РМ,
  •   Патот Војник – Клечовце го направи Владата на РМ,
  •   Спортската сала во населба Карпош ја направи Владата на РМ,
  •   Спортската сала во дворот на Земјоделското училиште Киро Бурназ ја направи Владата на РМ,
  • Автопатот Табановце – Куманово го направи Владата на РМ,
  • Реконструкцијата на Општата болница во Куманово ја направи Владата на РМ,
  • Со најсофистицирана медицинска опрема, кумановската болница ја опреми Владата на РМ,
  • 3,5 милиони евра за градење водоводна и канализациона мрежа за кумановските села ги обезбеди Владата на РМ,
  • До крајот на годината се очекува да завршат постапките околу тендерот и започнувањето на изградбата на првата траса од коридорот  8 – железничката пруга Куманово- с. Бељаковце што го обезбеди Владата на РМ,
  • При крај се подготовките за започнување на изградбата, реконструкцијата и проширувањето на патот Куманово – Липково – Арачиново благодарејки на Владата на РМ,
  • Благодарение на Владата на РМ, 170 кумановчани ќе можат да студираат во родниот град на дисперзираните студии по Геодезија и Информатика,
  • Благодарение на Владата на РМ, многу кумановски земјоделци се стекнаа со субвенции и обработливо земјоделско земјиште
  • Обезбедени се 10 милиони денари за набавка на темелен испустен вентил на Липковската брана од средствата на Владата на РМ.
  • Се реставрираат 11 кумановски училишта (најповеќе во Македонија) со парите што ги обезбеди Владата на РМ.
  • Владата на Република Македонија на Кумановската општина и подари нов автобус за превоз на учениците во кумановската општина.
  • Од Грант донацијата на европската банка за развој, Владата на РМ обезбеди средства за целосно реновирање и модернизирање на основното училиште Браќа Миладиновци од Куманово.
  • Владата на РМ обезбеди средства за ревитализација, реставрација и надградба на железничките станици во Табановце и Куманово.
  • Во проектот 100 тениски игралишта, Владата на РМ обезбеди средства за тениско игралиште во Куманово.
  • Од проекти Спортски фудбалски игралишта, Владата на РМ обезбеди средства за фудбалско игралиште во Куманово.
  • Владата на РМ обезбеди амбулантно возило за јавното кумановско здравство опремено со софистицирана опрема за ургентна медицина.
  • Владата обезбеди државно земјоделско земјиште под закуп за кумановските земјоделци.
  • Владата ќе гради мини-хидроцентрала на цевководот од Глажња до Липковско Езеро.

– Почитувани ова се конкретни дела. Ова е трудот и делата на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово, наспроти  стагнацијата и хаосот на Зоран Дамјановски. И СДСМ и Дамјановски се свесни дека Куманово стана изолиран град. Но исто така треба да знаат дека Кумановчани ќе ги казнат поради тоа“, изјави Јордан Пачков, пратеник во Собрание на РМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да беа способни, немаше состојбата во државата да е таа што е

ВМРО-ДПМНЕ: СДС без компас, тотално се изгубија на политичката мапа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко Филипче немаат идеја, креативност, визија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат