ВМРО-ДПМНЕ: Кривичните пријави обид за дефокусирање на јавноста од суштинските прашања

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на заменик претседателката на СДСМ истакнува дека опозицијата поднесува неосновани пријави, надевајќи се дека ќе може да го спаси Зоран Заев од судските постапки против него.

– За Зоран Заев очигледно дека постојат несоборливи докази кои што го потврдуваат неговото однесување, во еден правец за неговиот обид за дестабилизација на државата, рушење на институциите, закани, користење на креирани материјали од странски центри, а во друг правец за негово учевство во криминално-финансиски случаи, се вели во реакцијата.

Денешните кривични пријави и изјавата на заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска ја оценуваат како обид за пазарење и дефокусирање на јавноста од суштинските прашања.

– Сценариото на СДСМ во соработка со странски центри за дестабилизација на Македонија е прочитана работа. Граѓаните го препознаа нивното деструктивно делување и не им веруваат. На сите им е јасно дека СДСМ се обидуваат со креирани и монтирани материјали да се доберат на власт, без поддршката на граѓаните, се вели во реакцијата, додавајќи дека ВМРО – ДПМНЕ ќе продолжи да работи на отворање работни места, инвестирање во инфарструктурата, подобрување на стандардот на вработените во образованието, здравството, полицијата, војската, администрацијата, и на зголемување на социјалната помош и пензиите….

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела