ВМРО-ДПМНЕ: Критиките на СДСМ се неаргументирани

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека критиките на СДСМ за денеска предложените мерки и реформи се ефтино дневно плукање без ниту еден логичен аргумент.

– СДСМ не почека ниту еден час, во кој барем ќе можеа да видат и да прочитаат што предлагаме, а излегоа со празна критика. Тоа говори за нивниот несериозен однос. Ги прашуваме СДСМ, дали се свесни дека цели седум години не собраа храброст да поддржат и да поздрават ниту една мерка и реформа? И денес покажаа дека освен гола критика сведена на ефтино дневно плукање, немаат ништо друго, немаат ни еден логичен аргумент, се вели во денешнаста писмена реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.

Во неа се додава дека доколку сакаат да зборуваат за луксузирање би требало да се обратат кај претседателot на СДСМ Зоран Заев, кој, како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во својата фамилија има возен парк од речиси милион евра, потпретседателката Радмила Шеќеринска која во својот анкетен лист пријавила повеќе станови со површина од близу 400 квадратни метри низ Скопје, или кај поранешниот лидер Бранко Црвенковски кој својот летен одмор го поминал на луксузни дестинации во Флорида.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ