ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС и ДУИ носи негативни извештаи, Фридом хаус констатира назадување во борбата со корупцијата и влијанија во судството

Од:

Со СДС Македонија назадува на Извештајот на Фридом хаус. Државата е оквалификувана како цикличен хибрид. Криминалот на СДС и ДУИ носи негативни извештаи за Македонија. Корупцијата е главен проблем во државата и претставува главен проблем, како на домашната јавност така и на меѓународната заедница е нотирано вo Извештајот. Како пример се наведува црната листа на САД, на која се најдоа политичари од власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Измените на КЗ кои како ВМРО-ДПМНЕ ги критикувавме исто така се посочени како негативен пример. Правосудниот систем, за чија контаминираност одамна зборуваме е исто така мета на критика на Фридом хаус, кој забележува дека судството не може да се спротивстави на политичкиот притисок на власта. Со СДС Македонија 7 години назадува. Време е да се запре пропаста. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија повторно горда. Народот ќе си ја врати државата – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер