ВМРО-ДПМНЕ: Криминалната групација СДС не успеа во обидот за пуч

Од:

„Мафијашката структура СДС не може да ги оствари ветувањата за разнебитување на Македонија и станува се понервозна.

Народот го сопре криминалецот Заев во пазарењето со највисоките државни и национални интереси само за да се спаси од затворската казна која го очекува за сторените дела.

Криминалната групација СДС не успеа во обидот за пуч. Не успеа со прекршување на Деловникот за работа на Собранието, законот и Уставот, да избере Тирански Претседател на Собранието.

Криминалната групација СДС не успеа да го направи првиот чекор за на мала врата да ја протурка Платформата од Тирана.

Криминалната врхушка на чело на СДС сепак не се откажува од таквата своја намера, да формираат Влада по волјата на Рама.

СДС за да ја спаси својата криминална врхушка да не оди во затвор ја втурнува целата држава во политички амбис.

Криминалната врхушка на СДС за да се спаси себе си од прогон клекна пред Рама, клекна и пред Села и пред сите кои ја негираат македонската државност, народ и национални симболи.

Криминалната врхушка на СДС сака да избере Тирански Претседател на Собранието и што побргу да воведе двојазичност на Македонија, двојазични униформи и банкноти.

Криминалната врхушка на СДС сака да избере Тирански Претседател на Собранието за што побргу да прифати промена на националните симболи и да ги обвини Турците, Србите, Бугарите, Хрватите, Словенците, Германците, Италијанците, Црногорците, но и Македонците учесници на НОБ и АСНОМ за геноцид.

Криминалната групација СДСМ се плаши од дебата и обелоденување пред граѓаните за сите овие работи кои ги прифатиле, а кои во крајна фаза ја имаат федерализацијата на Македонија.

Граѓаните се гневни на ваквото однесување на криминалната групација СДС и се чувствуваат изманипулирано од СДС кој сака да им ја продаде државата.

Затоа криминалната групација СДС наспроти себе ги има граѓаните на Македонија, кои си ја бранат својата држава.

Народот е на нозе!

Македонија се буди!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски