ВМРО-ДПМНЕ: Криминалите на Заев и СЈО испливуваат на површина

Од:

Пред неколу дена медиумите обелоденија дека има отворен сомнеж за платен рекет од 260.000 евра од страна на Адријан Амзоски на хуманитарната фондација на Боки 13, а за возврат Катица Јанева преземала надлежност врз обвинение од основното јавно обвинителство.Истото тоа обвинение го повлекла во една кривична постапка која се водела против истиот Адријан Амзоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Имено во март 2017 година е поднесен обвинителен акт од ОЈО против Адријан Амзоски и фирмата „ФИНЕ“ ДОО Скопје поврзана со изградбата на објектот „Космос“ каде што Адријан бил инвеститор.

Само една недела по доаѓањето на власт на СДСМ во јуни, Боки 13 го отвора „Меѓународен сојуз“ и на самото отворање се редат сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Катица Јанева откако добива надлежност без никакво образложение, без ниту едно рочиште, го повлекува обвинителниот акт врз Адријан Амзоски.

Сето ова докажува дека постои шема од Катица Јанева, Заев и останатите за да се вршат притисоци и да се рекетираат пари.

Поради сето ова што се случува во Република Македонија потребни се предвремени парламентарни избори, за да се стави крај на рекет, мито и сите лудории и криминали кои што ги прави Владата на Зоран Заев.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски