ВМРО-ДПМНЕ: Крајот на политичката кариера на Заев ќе се случи на следните избори

Од:

Зоран Заев сака да ја излаже целокупната јавност, и Македонците и Албанците, и Турците и Србите и Ромите и Бошњаците и Власите, дека се грижи за нив, а всушност се што сака да направи е да се спаси себеси од криминалите кои стојат зад него и зад неговата фамилија, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ на која беа објавени прислушувани разговори од функционери на ДУИ.

Во писмената реакција ВМРО-ДПМНЕ оценува дека целта на лидерот на СДСМ е да направи хаос со цел да дојде на власт без избори и да се заштити себеси од последиците од, како што се вели, неговото коруптивно однесување.

– Граѓаните јасно му дадоа до знаење дека не поддржуваат вакво нелегално и деструктивно сценарио. Граѓаните сакаат стабилна држава, економски прогрес, нови фабрики и нови работни места, се вели во реакцијата и се додава дека крајот на политичката кариера на Заев ќе се случи на следните избори кога ќе доживее пораз.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни