ВМРО-ДПМНЕ: Крајно време е Заев да ја прифати нашата понуда и да ја отфрли платформата

Од:

„Меѓу Тиранската Платформа и државните и национални интереси на својот народ, аболицираниот криминалец Зоран Заев ја одбра платформата. Тиранската Платформа, значи директно мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

Граѓаните веќе одамна се сведоци на расипничката политика на СДСМ и нивната непресушна желба за власт, но овој пат тие се целосно шокирани, бидејќи гледаат дека Зоран Заев е подготвен на се само за да се спаси од кривична одговорност себе си и криминогеното раководство на СДСМ. Овој пат тој ја продава цела Македонија, само и само да ја засити својата патолошка желба за власт без поддршка од народот.

Зоран Заев играјќи по нотите од Тирана е спремен да направи Влада со Зијадин Села, човекот кој јавно признава дека сака да ја смени македонската химна и македонското знаме и дека не постои македонски идентитет.

Зоран Заев и СДСМ само да се доберат до власт, која изворно не им припаѓа, затоа што не победиле на изборите од 11-ти декември мораат да прават секакви отстапки на штета на унитарноста на Македонија.

Зоран Заев и СДСМ се подготвени на целосна двојазичност на државата, двојазични амблеми на војската и полицијата, двојазични банкноти и монети, прогласување за геноцидни народи на: Турците, Србите, Бугарите, Хрватите, Словенците, Црногорците, Германците, Италијанците, како и прогласување за геноциден и својот сопствен народ.

ВМРО-ДПМНЕ изрази јасна подготвеност да ја спаси државата од провалијата кон која Зоран Заев е подготвен да ја втурне и му понуди целосна поддршка на неговата Влада, ако се откаже од Платформата од Тирана и нејзините катострофални последици врз Македонија и македонскиот народ.

Крајно време е Зоран Заев да покаже барем малку државност и чувство на припадност кон сопствениот народ да смогне сили и да и каже не на Платформата од Тирана, да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се обврзе да не ја реализира Тиранската Платформа.

Доколку пак Зоран Заев до таа мера е импресиониран од Платформата од Тирана нека прифати парламентарни избори заедно со локалните избори во мај и нека излезе пред граѓаните со барањата од Тирана“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Добиени се три арбитражни постапки и има заштеда во Буџетот од 565 милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

ВМРО-ДПМНЕ: Братот на Диме Велковски се офајди од добиените пари од Еразмус +

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев