ВМРО-ДПМНЕ: Крајно време е ЈО да се охрабри и да го повика Заев на распит

Од:

„Не поминува ден, а да нема нова индиција, документ или сведоштво за вмешаноста на Зоран Заев во случајот Рекет.

Медиумите вчера објавија нови информации, согласно кои Зоран Заев е спомнат како човек кој бил запознаен за рекетирањето, но и дека Боки Тредичи се фалел дека доколку истиот го плати рекетот ќе биде поставен за директор на една телекомуникациска компанија, во која државата е косопственик.

Крајно време е ЈО да се охрабри и да го повика Зоран Заев на распит. Милионски рекет во времетраење од неколку месеци не може да се случи без институциите на системот, а со тоа и премиерот лично да не знаат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Боки Тредичи според исказите на жртвите бил во константна комуникација, не само со Катица Јанева која е директен извршител на делото, туку и со високи функционери од власта, кои де факто се помагачи и со своето влијание и авторитет му овозможиле на Боки Тредичи позиција да рекетира.

ЈО да престане да биде развлекувач на истрагата. Да постапи согласно закон и да поведе истрага против сите потенцијално вмешани.

Владата, Зоран Заев лично, ЈО и сите чинители во процесот треба да знаат, дека иднината на Македонија е пред нивните политички кариери. Развлекувањето на случајот Рекет може сериозно да го стави под знак прашалник нашето отпочнување на преговори со ЕУ.

Граѓаните не заслужуваат да бидат жртви заради погубните и криминогени политики на Заев.

Власта треба да распише предвремени парламентарни избори час поскоро. За иднината на Македонија се работи“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски