ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски живее во паралелна реалност

Од:

„Ковачевски живее во паралелна реалност, уставни измени под бугарски диктат нема, ВМРО-ДПМНЕ понуди предлози, а тој уште не се изјаснил“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на Димитар Ковачевски.

„Јасно е дека Ковачевски е збунет зошто се приближува времето кога ќе мора да ги стави уставните измени во Собрание на гласање и ќе се види дека нема 2/3, од тој момент натаму нема да може да манипулира.

На Ковачевски и сега му јасно дека нема 2/3, но купува време.

ВМРО-ДПМНЕ даде два предлози за надминување на кризата, од кои ниту еден не е прифатен до сега од Ковачевски.

1. Уставни измени со одложено дејство кога ќе станеме членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ.

2. Избори на есен, а потоа опозицијата која ќе биде да го поддржи следниот концепт. Барање на гаранции од европските институции за македонскиот многувековен идентитет, барање финансиска помош од ЕК за македонската економија и граѓани, барање до Бугарија да исполни најмалку 3 пресуди на ЕСЧП поврзани со правата на Македонците во Бугарија, па тогаш гласање на уставни измени.

Ковачевски се што сака, е да изгласа уставни измени под бугарски диктат, без да има некаква гаранција за Македонија, нејзината европска иднина, но и за многувековниот идентитет на нашиот народ.

Ковачевски да не живее во паралелна реалност и нека каже кој предлог го прифаќа“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски