ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски призна дека нема пратеници кои ќе му го поддржат предавството

Од:

Ковачевски призна дека нема пратеници кои ќе му го поддржат предавството за промена на Уставот и исполнување на бугарските мегаломански барања, велат од партијата на ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.

„Ковачевски нека не ја отвора Пандорината кутија туркајќи бугарска агенда да се крие позади иницијативата за внес на други народи во Уставот. Не му е ниту до Хрватите и Евреите туку до ветувањето дадено на Бугарија за внес на Бугарите во Уставот. Кога веќе збори за промени на Уставот тогаш ајде да ги отвориме и останатите аспекти и прашања. Дали на Македонија и треба граѓански Устав, дали ќе го избришеме деградирачкиот Бандитеров принцип кој наместо заштита создаде систем на протекции и неквалитет, дали е потребно да се редефинира улогата и ингеренциите на претседателот на државата? Дали е потребно да се редефинираат ингеренциите на законодавната власт која е потчинета на извршната власт итн. итн“., додаваат оттаму.

Според нив, ако Ковачевски смета дека има мнозинство во Парламентот за уставни измени тогаш треба да ги поднесе.

„Доколку не ги поднесе треба да си поднесе оставка и да оди Македонија на нови избори“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ