ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски пред Собранието да ги презентира нацрт документите од преговорите со Бугарија

Од:

„Владата на СДСМ и ДУИ зад кулисите договара нешто со Бугарија и во ниту еден момент Собранието не е информирано. За разлика од Македонија, во Бугарија сите релевантни субјекти знаат и се информирани, вклучително и бугарското собрание“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако владата планира состојбите да ги доведе до свршен чин и тогаш да и каже на јавноста што договориле, тогаш прават катастрофална грешка. Владата на Заев во 2017-та година беше предупредена за последиците од штетниот договор и за жал тие последици сега се товар на евроинтегративниот пат. Затоа навреме ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да биде информирано за текот на преговорите, вклучително и за нацрт документите кои циркулираат на релација Скопје- Софија со цел да се предупреди и да се изгради заедничка стратегија.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ испрати барање до премиерот Ковачевски во текот на месец април да се појави пред Комисијата за надворешна политика и да ги достави нацрт-документите за кои што Владата на Македонија ги договара со официјална Софија, за да може во еден заеднички и инклузивен процес да се разгледаат овие прашања кои се важни во македонско-бугарските односи, а исто така се важни и за евроинтеграциите“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ