ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не демантира, дали уставните измени, опфаќаат бинационална држава?

Од:

„Ковачевски се уште молчи и не ги демантира информациите, дека уставните измени опфаќаат и претворање на Македонија во бинационална држава“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема демант дали Ковачевски и Ахмети договараат редефинирање на Македонија како држава, да биде бинационална држава, во која ќе постојат два народи, неколку етнички заедници, кои сега се дел од народ во рамки на Преамбулата на македонскиот Устав и сето останато, кое ќе биде над одреден процент поврзан со минатогодишниот т.н. попис, да бидат малцинство.

Јасна е концесијата која Ковачевски ја има кон ДУИ, од каде добива финансиски надокнади, но треба да издржи уште само неколку месеци, да не прави дополнителна штета на македонскиот идентитет.

Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија да стане бинационална држава и ќе направи се, за да го поврати продадениот македонски идентитет од страна на СДС и ДУИ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела