ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски молчи и за средбата на Џафери со претставници од Чеченија, од страв да не му падне владата

Од:

„Ковачевски молчи и за средбата на Џафери со претставници од Чеченија, од страв да не му падне владата. Ковачевски не смее да го осуди Џафери и да побара одговорност од него од страв дека ДУИ ќе му излезе од влада“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Сликата која ја гледаме деновиве, каде Ковачевски молчи и одобрува шиканирање и пцуење на вработени во собранието од страна на Џафери, но и негови безбедносно сомнителни состаноци, е доволна причина и одговор зошто треба да има избори час поскоро.

Ковачевски е спремен да премолчи и криминал, само за да остане на власт. Со Ковачевски на чело на владата имаме уценет премиер.

Талат Џафери е опасност за безбедноста на државата и го поткопува интегритетот на Собранието.

Џафери го користел Собранието и позицијата која му ја нуди власта да се среќава со високо позиционирани луѓе од Чеченија и поранешни членови на Руската Дума, и сето тоа се обидел да го сокрие од јавноста.

Џафери не ги информирал медиумите за неговата средба, ниту пак истата е нотирана на собраниската интернет страница.

Нејасно е зошто Џафери ја криел средбата со Чеченците и дали за тоа се информирани нашите безбедносни служби и сојузниците?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ