ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски купува струја 30% поскапа од HUPX

Од:

Има разлика, Ковачевски купува струја 30% поскапа од HUPX, додека претседателот Мицкоски како директор набавуваше 40% поевтина струја за народот. Владата на антимакедонската СДС откако е на власт го намали домашното производство на струја и за 3 терават часа. Тоа е струја која наместо да се снабдува од домашни извори се увезува.Скапата струја која ја увезува владата, а ја плаќаат и граѓаните и бизнисот влијае на нивните сметки со 50% покачување кај домаќинствата и до 400% покачување за фирмите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку владата наместо да краде и да се занимава со овозможување на профити на поедини трговци, кои за неколку дена заработуваат и до 600.000 евра. За да може трговци блиски до власта да нижат огромни профити, владата се задолжува како на домашниот така и на странскиот пазар на капитал. Тие наместо да се насочат на работа и зголемено производство на струја ги земаат парите од банките, и наместо истите да одат кај фирмите за нови инвестиции се трошат на милионски тендери во четири очи.

Криминалот на Ковачевски ќе ја чини државата само за покривање на загубите на ЕЛЕМ и до 250 милиони евра, а трошоците за бизнисот може да одат и до 500 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани.

Тоа е разликата помеѓу Ковачевски и претседателот Мицкоски. Додека претседателот Мицкоски работеше за доброто на народот и овозможи поевтина цена на струјата, Ковачевски ја зголеми и за четири пати.

Кризата со која сме соочени е резултат само и само на криминалот на СДС, а последиците ќе бидат уште пострашни зимава која ни претстои, затоа Ковачевски мора да каже кој му е планот и како планира да спречи нови покачувања“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?