ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја пофали средбата во Тирана, но не соопшти какви задачи доби на маса од Али Ахмети и Еди Рама

Од:

Ковачевски ги потврди нашите сомневања, средбата во Тирана е со цел спасување на неговата политичка кариера и кариерата на Али Ахмети. Вчера Димитар Ковачевски ја пофали средбата во Тирана, но не и соопшти на јавноста што се доби на маса за спас на владата. Јасно е дека средбата во Тирана не беше само за новогодишен ручек, туку за спас на владината коалиција на СДС и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат дали Ковачевски треба да прифати нови национални предавства, или пак на маса му се ставени нови бизнис интереси на ДУИ и додаваат дека Димитар Ковачевски треба да се охрабри и да каже што задачи доби од Али Ахмети и Еди Рама.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски ќе прифати се што ќе му дадат, знаејќи дека неговиот рејтинг се движи во статистичка грешка и граѓаните секој ден се помалку и веруваат на оваа влада.

„Доколку СДС и ДУИ сметаат дека се што прават е за доброто на граѓаните, наместо средби во други држави, нека се охрабрат и нека закажат средба со граѓаните на предвремени парламентарни избори.

Само договор со граѓаните е за доброто на државата, ама после сите предавства и криминали кои ги направија, свесни се дека граѓаните ќе ги казнат за сите национални разнебитувања“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски