ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДС се патрони на криминалот

Од:

„Ковачевски и СДС се патроните на криминалот во Македонија. Секој ден со власта на Ковачевски и СДС гледаме милионски афери и скандали и никаква реакција ниту санкција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Впрочем како да се борат против корупцијата и криминалот кога тие самите го продуцираат. Како да има одговорност кога тие ги поставуваат оние кои треба да ги гонат. Помина една недела од аферата со компанијата за производство за струја во која сопругата на Ковачевски има удел заедно со сопругата на директорот на Катастар и заедно со кумот. Молчат од обвинителство, молчат од Антикорупциска. За нив нема ништо спорно во тоа сопругот да креира енергетски стратегии, а сопругата да влегува во енергетскиот бизнис.

Ова е само еден од стотиците афери за кои институциите не превземаат ништо. Глуви се и слепи и за аферата Броило, и за аферата Тајни имоти, и за аферата со Хациендата на Славјанка, и за аферата со РЕК, и за аферата со препродажба на лекови, и за аферата со Академијата за обвинители и многу други примери на злоупотреби и кршење на законот.

Со Ковачевски и СДС нема борба против криминалот и корупцијата. Македонија со нив ќе тоне а нивните џебови ќе се полнат. Решението се избори и менување на оваа криминогена власт“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ