ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби само за ова треба да одат во затвор, прифатиле обврска да платат пенали од 200 милиони евра ако не променат закони во полза на изведувачите на коридорите

Од:

„Ковачевски и Груби само за ова треба да одат во затвор, прифатиле обврска да платат пенали од 200 милиони евра ако не променат закони во полза на изведувачите на коридорите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владејачкото мнозинство на Ковачевски далеку од очите на јавноста во кратка постапка се обидува да промени 9 закони со кои дава дополнителни повластувања на изведувачот на коридорите. Овие измени ќе значат посебни повластици за акцизи, даноци, давачки, можност за пренамена на земјоделско во градежно земјиште, промена на регулативата кога се работи за културно наследство и многу други примери. Сите овие експресни измени се без јавна расправа со експертите и на штета на граѓаните и државата.

Очигледно Ковачевски и Груби брзаат за да ги покријат свои лоши политики и обврски кои ги презеле.

Имено еден од законите кој Ковачевски и Груби брзаат да го изменат е законот за работни односи и да воведат 60 часовна работна недела. Притоа Ковачевски и Груби се обврзале дека доколку не го направат тоа ќе се исплаќаат огромни пенали кон изведувачот. Овие пенали се состојат од еднократна исплата на 53 милиони евра, плус 2,1 милион евра месечно во текот на изградбата и згора на се пролонгирање на рокот за изградба кој ќе надмине 5 години. Вкупниот износ на пеналите кои Ковачевски и Груби ги прифатиле е околу 200 милиони евра дополнителни средства за изградбата на коридорите само заради една неспроведена законска измена“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски