ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е најдобриот слуга на Ахмети и заштитник на целиот криминал на ДУИ

Од:

„Додека економијата тоне, а граѓаните се се посиромашни, Ковачевски и Ахмети мислат само на криминалот и бизнис интересите на клептоманите од власта. Димитар Ковачевски е најдобар слуга на Али Ахмети, а тоа јасно се гледа преку заштита на криминалот и корупцијата на функционерите на ДУИ. Нема ниту една постапка за ниту еден функционер на ДУИ, бидејќи Ковачевски ги штити како бели мечки заради спас на својата кaриера“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Испомош им се појавуваат и фолирантите од Левица, кои како на копче се појавуваат со нивните деструктивни дејствија за спасување на столчето на Ковачевски и Ахмети.

Додека заложникот Ковачевски слугува на Ахмети, бизнисите на неговото семејство и блиски пријатели цветаат, а граѓаните се се посиромашни и не знаат како да го поминат месецот.

За излез од оваа катастрофална состојба во државата се предвремените парламентарни избори. За тоа Ковачевски и Ахмети нека не се плашат и нека излезат на избори за да го слушнат гласот на народот.

Нека ги послушаат и пратениците од нивната коалиција кои бараат избори, а ваквите изјави од страна на пратениците од коалицијата на власта тие не ги демантираа.

Предвремените парламентарни избори и се потребни на Македонија, за да престане криминалот и корупцијата и да тргне државата напред“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела