ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да се огради од тие кои го прикриваа убиството на ракометарот, во спротивно ќе сметаме дека се виновни за прикривање на убиство

Од:

„Убиството на ракометарот на РК Бутел ниту една разумна личност не би го оправдала. Клучната тема во овој трагичен настан, кој најостро го осудуваме е – зошто владата на Ковачевски се обиде убиството на хрватскиот ракометар да го прикрие како да не се случило?!?! Зарем беа толку наивни да поверуваат дека вистината нема да се дознае? Дали има нешто повеќе и нешто друго заради што Ковачевски и кадрите на СДСМ се одлучија на овој катастрофален чекор на прикривање на убиство?!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Жално е кога денес како луѓето што дојдоа на бранот на борбата за фер и транспарентни институции, ги гледаме во едно крајно лошо светло како соучесници и џелати на правдата и вистината во Македонија!

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Ковачевски да се огради од оние што се обидоа да го прикријат убиството на ракометарот на РК Бутел и најостро да ги санкционира истите во согласност со законите на оваа земја. Во спротивно, ќе сметаме дека СДСМ и Ковачевски лично се директни учесници во овој грозоморен чин“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ