ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да се извини и да си даде оставка, тој ги навреди земјата и народот

Од:

„Ковачевски да се извини и да си даде оставка, тој ги навреди земјата и народот. Ковачевски не изреагира и не се спротивстави на констатацијата на Еди Рама, дека тој ќе биде премиер на Западна Бугарија. Напротив, Ковачевски се смееше и со тоа одобрува газење и исмевање на сметка на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски е продолжение на политиките на виткање на кичма кој го започна Зоран Заев, која кажа дека македонскиот и бугарскиот јазик се еден ист јазик.

Ковачевски дозволи јавно да биде понижена Македонија, и иако знаеше дека го снимаат камери тој се смееше и одобруваше. Што прави Ковачевски и како се однесува кога камерите се исклучени?

Постои огромен сомнеж дека Ковачевски вака се однесува и на преговорите кои тајно ги води, и дека ја понижува државата. Тој покрај тоа што треба да се извини, мора и да си даде оставка. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ