ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да размисли убаво до 10 мај и да се изјасни за понудата

Од:

„СДСМ и Ковачевски се однесуваат недораснато и неодговорно. Тие без да размислат ја одбиваат пружената рака од страна на ВМРО-ДПМНЕ за помош во справувањето со кризите и проблемите во кои е западната Македонија токму поради нивното владеење. Велиме дека нивното однесување е инфантилно, бидејќи одбија средба на која ќе се разговара за понудата за формирање на четири тима во делот на економијата, надворешната политика, здравство и образование и ќе работат без привилегии за да им помогнат на владата и граѓаните да излезат од акутни проблеми во општеството и тензијата во која што живеат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ бега и од темата за предвремени избори, бидејќи тие знаат дека ќе загубат. Тие се спремни да ја уништат државата само да ја зачуваат фотелјата.

Понудата од страна на ВМРО-ДПМНЕ е пакет за подобра иднина на Македонија од кој премиерот не може да бира што му се допаѓа, а да одбива тоа што не му допаѓа. Понудата е јасна, да се дефинира термин за нови избори, а во меѓувреме овие тимови од експерти, без привилегии да и помогнат на Владата, без партизација, без политизација, за да можат да се решат акутните проблеми.

Ковачевски да размисли убаво до 10-ти мај и да се изјасни за понудата, а во меѓувреме нека ги консултира органите на партијата или барем неговите политички ментори во СДСМ. Ако Ковачевски не е спремен да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ, спремни сме да разговараме со секој од СДСМ кој носи одлуки, било тоа да е Заев или Шекеринска.

СДСМ и Ковачевски треба да покажат дека ги интересира подобрата иднина на граѓаните, а не само голата власт“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела