ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да каже што тајно преговара тим од владата во Софија

Од:

„Ковачевски да каже што тајно преговара тим од владата во Софија, дали основата е предлогот кој ги уништи Македонските позиции?! Што бара владиниот тим во Софија и дали Ковачевски повторно ќе кажува дека не го видел предлогот кој го преговараат негови луѓе?“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски со неговото лажење и манипулирање ја загрози државата. Трајно се нарушени Македонските позиции.

Ковачевски ја загрози и Македонската евроинтеграција.

Со предлогот каков што го преговараше Ковачевски Македонија за да влезд во ЕУ треба да се бугаризира. Од првичните намери беше спречен од народот, академската заедница, новинарите, колумнистите и ВМРО-ДПМНЕ.

Дали сега повторно на мала врата преговара нешто кое удира по Македонските црвени линии, па после ќе кажува дека не го видел предлогот.

Не поминуваат веќе лагите на Ковачевски. Избори веднаш“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски