ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да каже кои се тие бугарски барања кои тој ги прифаќа, а за кои доколку се согласи наеднаш може да падне владата

Од:

„Ковачевски да каже кои се тие бугарски барања кои тој ги прифаќа, а за кои доколку се согласи наеднаш може да падне владата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски молчи за изјавата на Петков дека во Македонија има влада која ќе ги прифати бугарските барања, но дека против бугарските интереси е тие наеднаш да се реализираат, зошто така ќе падне таа влада, па наместо тоа истите тие барања сака да ги стави во рамката за преговори за влез во ЕУ. Ковачевски молчи исто како што молчеше и за отворањето на клубот Ванчо Михајлов.

Ковачевски наместо да молчи треба да побара заштита за македонскиот јазик, идентитет и историја.

Ковачевски треба да се грижи за македонските интереси, и заштита и на правата на Македонците во Бугарија, чии здруженија имаат добиено бројни пресуди во ЕСЧП во Стразбур, а кои Бугарија не ги почитува.

Наместо да работи во интерес на Македонија, Ковачевски молчи, и чека проблемите да се решат сами од себе“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела