ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов и СДСМ шират лажни вести кои им се алиби за престојниот пораз на 12 април

Од:

„Костадин Костадинов и СДСМ во очај шират лажни вести дека некој лобира Македонија да не добие датум за преговори со Европската Унија. Тоа е обично алиби за претстојниот пораз кој ќе им се случи на 12-ти април. ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело и работи Македонија да ги забрза евроинтеграциите. Тоа е за добро и на Македонија и на граѓаните. За разлика од СДСМ кои секогаш биле водени од тесно партиските интереси и ситните политички поени“, стои во реакцијата од ДПМНЕ.

„Видовме како работи СДСМ за европската агенда: „договорено е со Врховен“, „без Заев не се може“, „трас-трас и ете одлука на Врховен суд“, „Катица знае за се што треба да се случи“, или закон за СЈО или одлука на Врховен суд ама случаите ќе паднат. Ете тоа е вистината. Жалиме што СДСМ не може да излезе од заевата матрица на функционирање, за своите неуспеси да наоѓа вина во европските партнери, ВМРО-ДПМНЕ или други политички субјекти во Македонија. Растечката корупција, економскиот колапс и безнадежноста на граѓаните галопирачки растат токму поради владеењето на Заев и тие параметри се видливи и за домашната, но и за европската јавност“, додаваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски