ВМРО-ДПМНЕ контра Заев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на Заев дека штипските фабрики се уништени во времето на Никола Груевски кога се случиле најголемите отпуштања.

„Ја разбираме обврската и долгот на Зоран Заев да го брани Бранко Црвенковски и неговата криминална приватизација, но не можеме да ја разбереме леснотијата со која се обидуваат да го лажат народот“, пишуваат во соопштение од владеачката партија.

„Ги затворија и разграбија сите индустриски капацитети- ја разграбија и уништија ТК Македонка со 5 000 луѓе кои останаа без работа, ја уништија МК Астибо од која останаа без работа 4 000 штипјани, се уништи ЗИК Црвена Звезда фирма со 3000 вработени. Се затвори Селена единствена фабрика за светилки на Балканот. Секое семејство во Штип има настарадано од криминалната приватизација на Бранко Црвенковски. Илјадници земјоделци едвај крпеа крај со крај.

-Штип не памети ниту една вистинска инвестиција од ниту една Влада на СДСМ цели 15 години.

-Затоа денес очекувавме Заев да одговори на главното прашање на кое јавноста чека одговор каде одеа парите во време на СДСМ кога не се градеше ништо за доброто на Штипјани“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ..

Владеачката партија во соопштението потсетува што направиле тие за Штип.

„Во Штип инвестира Johnson Controls (фабрика која ќе вработи 1500 невработени, првите 100-тина лица почнаа со работа во привремени простории)

Во Клиничката Болница во Штип е инвестирано во медицинска опрема во износ 5.000.000 евра.

Отворен е нов државен универџзитет Гоце Делчев. Се превземаат и реализираат многу други проекти

Се отвори нова ТИР зона“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со „Дрисла“

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ