ВМРО-ДПМНЕ: Констатирана е одговорност кај Лазе Велковски, потребна е кривична одговорност

Од:

„Констатирана беше одговорност за службена злоупотреба на бившиот директор на БЈБ Лазе Велковски.

Кога веќе не е спорно дека има одговорност, тогаш не треба да биде спорно и кривично истиот да одговара за злоупотреба и неовластено користење на службени ресурси на МВР.

Лазе Велковски како и неговиот надреден Министерот Оливер Спасовски треба да одговараат за злоупотреба на службена должност по членот 353 од КЗ. ОЈО е на потег.

Истовремено одбегнувањето на кривична одговорност значи дека Власта штити криминал и злоупотреби и не сака спроведување на правната држава. Од тие причини државава е вбројувана меѓу најкорумпираните во Европа и токму затоа државата има негативен извештај за корупција од ГРЕКО, Советот на Европа.

Доколку Велковски и Спасовски не одговараат ќе стане јасно дека неговото разрешување беше само гол популизам пред јавноста“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира