ВМРО-ДПМНЕ: Концептот „Македонија за сите луѓе“ значи пораз на криминалот на СДСМ

Од:

„Концептот „Македонија за сите луѓе“ значи пораз на криминалот на СДСМ. 4 години со Македонија управува Заев и луѓето околу него. Тие ги поделија граѓаните на луѓе од прв и луѓе од втор ред. Луѓе од прв ред се Заев и луѓето околу него и тие кои им служат, а луѓе од втор ред се сите други граѓани кои се шиканирани од оваа власт“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„4 години Заев е недопрен од судските инстанци. Слушнавме како Бојам Јовановски, кој ја носеше ташната со изрекетирани милиони кажа дека парите завршија кај Зоран и Вице Заеви, како името на Вице исчезнало од пријавата за рекет во РЕК Битола, а истрага ниту за првото, ниту за второто нема.

Нема одговорност ниту за Ден Дончев, Драги Рашковски, и редица други.

Нема одговорност ниту за локалните шерифи на СДСМ.

Концептот ” Македонија за сите луѓе” значи крај за сите криминали, рекетот и корупцијата. Концептот ” Македонија за сите луѓе” значи правна држава, еднаквост пред законите и системот, еднакви можности за сите.

Концептот “Македонија за сите луѓе” има за цел да стави крај на поделбите на Заев и СДСМ, на луѓе од прв и луѓе од втор ред“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ