ВМРО-ДПМНЕ: Колку станови, куќи и деловни простори доделил Ковачевски на членови од влада и негови сопартијци

Од:

Наместо да прави пи-ар од судбината на социјалните случаи во Македонија, Ковачевски да каже колку клучеви од станови, куќи и деловни простори доделил на своите сопартијци и членови на владата кои добиваат ексклузивни деловни простори и луксузни куќи за багателни цени, кои за обичниот народ се мисловна именка, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски.

„Наместо да се прави голем газда кој покажува милост кон најпогодените, Ковачевски треба да одговори како семејствата да го преживеат месецот кога потрошувачката кошничка не може да се пополни ни со 3 минимални плати.

Злоупотребата на судбините на најранливите категории на граѓани е мизерна, додека цела јавност гледа како се купуваат коалициони партнери со куќи во Тафталиџе и дуќани на ул. „Македонија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски