ВМРО-ДПМНЕ: Кои струмички компании имале кредити без покритие во Еуростандард банка и како тие се поврзани со власта?

Од:

„Пропаѓањето на Еуростандард банката е настан кој што потсетува на оние од 90-тите години. Најцрните години за македонската економија. Слушнавме и за немил настан во Кавадарци во експозитурата на Еуростандард банка, настан кој
потсетува на случките со штедилницата ТАТ. Колку и да е банкарскиот сектор во моментов регулиран, повторно останува фактот дека сетоа ова се случува во период на сериозна економска и здравствена криза,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно слушнавме и дека на само месец и половина пред пропаѓање на банката министерката за финансии ги извадила последните заштеди од банката. Но многумина штедачи ја немаа таа информација и нивните пари сега пропаднаа.

Ја прашуваме гувернерката:

– Кога адвекватноста на капиталот на Еуростандард банка падна под законскиот минимум.
– Зошто одлуката за одземање на лиценцата на Еуростандард банка се прави во овој момент и зошто истото не се направи пред избори.
– Кого штитеше гувернерката во последната година ако се земе предвид дека еден од сопствениците на банката јавно кажува дека овој проблем постоивеќе една година.
– Дали толку време беше потребно избрана група на луѓе и компании да ги повлечат своите средства и да ја прекинат соработката со банката, како што е случајот со министерката за финансии.

Истовремено самата гувернерка признава дека нефункционалните кредити се 4,7% од вкупните кредити, од кој цел еден процент отпаѓал на само една банка Еуростандард банка. Значи некој свесно дозволил давање на кредити без покритие,
а од вкупните нефункционални кредити де факто над 21% отпаѓа на банка која гувернерката вели дека е незначајна за банкарскиот систем врз основа на тоа што Еуростандард банка со состојба на 30 јуни 2020 година учествува во вкупната актива, вкупните депозити и вкупните кредити на банкарскиот систем, со 1,3%, 1,7% и 1,6%, соодветно.
Зошто е толерирано волку мала банка да има толку нефункционални кредити.

Добро е и да се види кои струмички компании имале кредити без покритие во Еуростандард банка и како тие се поврани со власта. Колку компании се уништени со оваа одлука и колкав е износот на депозити на правните субјекти и физички лица кои не се гарантирани и кои не можат да ги повлечат. Кој ќе сноси одговорност за влошување на состојбата во бизнис секторот кој и онака трпи сериозни последици.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Венко Филипче е главниот лик во аферата „Провизии кои чинат животи“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче ја уништија надежта, немаат кредибилитет да зборуваат за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Владата презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Тактиката на СДСМ е секој тендер да го прикажат за криминален, без да изведат некакви докази

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче дозволил изградба на 16 модуларни болници кои не исполнуваат минимални стандарди

Горан Наумовски

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ