ВМРО-ДПМНЕ: Кого прашал Стево Пендаровски што одбил членство на земјава во ЕЕЗ?

Од:

Стево Пендаровски не ги знае ниту основните европски институции. Европската економска заедници е претходница на ЕУ од која Унијата настанала, и таа веќе не постои. Како Пендаровски одбил членство во нешто што го нема?! Но доколку Пендаровски одбил членство во Европската економска зона, тогаш тој постапил неодговорно – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое е реакција на информацијата дека Македонија одбила членство во Европската економска зона.

„Кого прашал Пендаровски кога ја одбил понудата Македонија да стане членка на Европската економска зона?!Европската економска зона е посебна зона составена од држави кои се дел од заедничкиот пазар на ЕУ. Држави кои се дел од Европската економска зона се Норвешка, Лихтенштајн и Исланд, а пред да влезе во ЕУ таму била и Хрватска, со членувањето во Европската економска зона државата станува дел од заедничкиот пазар на ЕУ на чија територија важат исти правила, прописи и трговијата кон земји членки на ЕУ се одвива слободно, како земјата да е членка на ЕУ. Одбивањето на ваква понуда е скандалозно. Државниот врв не смее да донесува одлуки на своја рака и за ваква понуда мора да се консултира со граѓаните. Членувањето во Европската економска зона е голем плус за државата додека чека влез во ЕУ, со што се олеснува трговијата и протокот на луѓе и стока“ – се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?