ВМРО-ДПМНЕ: Кога се работи за безбедноста на граѓаните Спасовски и МВР се неспособни, ама кога се работи за СДС се максимално ангажирани

Од:

„Јавноста беше сведок на негрижата на Ковачевски и Спасовски за безбедноста на граѓаните. Додека со месеци наназад надлежните институции предводени од Ковачевски и Спасовски мува не ги лазеше за дојавите за бомби во училишта, институции, трговски центри, станбени објекти, сега максимално ги ангажирале капацитетите на МВР за обезбедување на објектот каде што СДС држи партиска трибина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е уште еден доказ дека е допрено дно во безбедносен систем, а МВР е ставено во улога на партиска полиција.

Кога се работи за безбедноста на граѓаните Спасовски и МВР се неспособни, ама кога се работи за СДС тогаш се максимално ангажирани. Се надеваме дека СДС во наредниот период почесто и на повеќе локации ќе организира партиски настани со цел граѓаните да бидат побезбедни“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела