ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДСМ беше на власт 500.000 македонски граѓани беа на работ на сиромаштијата

Од:

Ново назначените кадри на високи позиции во СДС, од третиот и четвртиот ешалон на владеење на Зоран Заев, како да заборавија дека до пред шест месеци беа власт. Амнезијата, очигледно, е најдобрата мерка која што можат да користат, но за тоа ние чувствуваме обврска да ги потсетиме. Лошата економска состојба во државата и стандардот на граѓаните е токму последица на седум годишното владеење на СДС, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– За време на раководењето со државата од страна на СДС и нивниот ментор Заев, се носеа ад-хок решенија од денес за утре, кои економијата и стандардот на граѓаните го донесоа до ова дереџе. СДС го покачи ДДВ-то за прехранбените производи и ја убедуваше македонската јавност дека чипсот е нездрав и луксузен прехранбен продукт. За време на нивното владеење доведоа над 500.000 македонски граѓани на раб на сиромаштија кои денот го поминуваа со 150 денари, пензионери кои протестираа пред влада со празни тегли затоа што пензиите кои што им ги даваше владата на СДС не им стигаа дури ниту за зимница да си направат.

Инфлацијата во време на владеење на СДС беше двоцифрена, а економијата ја уништија на сметка на фирми блиски до нов кои заработија милиони. За разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки за раздвижување на економијата, странски директни инвестиции, покачување на плати и пензии, и за заштита на стандардот на граѓаните. Со новогодишната кошничка за прв пат се опфатени околу 1.000 производи, кои ќе обезбедат пониски цени на прехранбените производи. Со ефикасните економски мерки преземени од владата реално се намалуваат цените на основните прехранбени производи и заедно со покачените плати и пензии, директно со тоа се штити стандардот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски