ВМРО-ДПМНЕ: Кога можеше да се повтори судењето за Монструм, зошто да не се повтори и за 27 април

Од:

„Очајот и нервозата во СДСМ се очигледни. Граѓаните се погласно говорат за дебаклот на оваа власт на секое поле, вклучително и правната држава. На виделина излегуваат се повеќе докази дека во Македонија се води хајка против неистомислениците на Заев по принципот трас-трас пресуди, во кои власта на Заев те тужи, власта на Заев те суди“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Хистеријата која Заев сака да ја предизвика е поради стравот дека во едно повторено судење за случајот со 27 – ми Април може да излезат нови докази кои ќе фрлат нова светлина и нова вистина, а таа нова вистина е дека осудените сигурно не се терористи. Дополнително што за овој случај се појави и аудио материјал кој покажува дека главниот сведок на обвинителството е сериозно компромитиран. На крајот на краиштата кога можеше да се повтори судењето за случајот Монструм во кој свирепо беа убиени 5 лица, зошто да не се повтори и судењето на овој случај.

Власта на Заев е длабоко загазена во криминал. Токму власта на Заев е закрилник на криминалот и светски мафијашки босови на кои им давала официјални македонски пасоши со украден идентитет. Токму власта на Заев шурува со нарко картели кои добиваат поддршка и помош од високи полициски функционери именувани од оваа власт. Затоа оваа криминогена група предводена од Заев од петни жили се обидува да ја спречи правдата и мора со нови манипулации да се спаси од одговорност. Но одговорност ќе има и правдата ќе излезе на виделина“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ