ВМРО-ДПМНЕ: Кога хунтата на СДС се изживува врз Едмонд Темелко, Владата ќе ослободи осудени за тешки криминални дела

Од:

„Во исто време кога хунтата на СДС прогонува и затвора недолжни граѓани и се изживува врз Едмонд Темелко кој е со животно загрозено здравје, владата на Заев со законот за амнестија ќе ослободи лица кои се осудени на тешки криминални дела.

Додека недолжни се носат во притвор, убијци, разбојници и криминалци се ослободуваат. Од СДС и Заев амнестија ќе има за лица осудени за убиство на дете при пораѓање, убиство од небрежност и убиство на миг.

Заев и СДС сакаат на слобода да бидат лица кои се осудени за дистрибуирање на дрога, кражби и тепачки, нанесување на тешки телесни повреди, низа од дела кои се поврзани со бракот, семејството и младината. Помеѓу другото исто така ќе се амнестираат лица кои се бавеле со производство и пуштање на промет на штетни средства за лекување.

СДС и Заев поради страв и паника дека ќе ги загубат локалните избори, пуштија на слобода криминалци.

Заев ги ослободи Агим Красниќи кој беше осуден за тероризам и Бајруш Сејдиу, кој е познат како тобако бос поради производство на фалсификувани цигари за двајцата да му бидат главен адут за локалните избори.

Заев е нервозен и знае дека ќе ги загуби, надежта на Заев за овие избори не се проекти и програма туку криминалците кои ги ослободува. Целта на Заев е да ги заплаши граѓаните со овие криминалци, како и создавање на злосторничко здружување за фалсификување на изборите.

Ова е изборна корупција и дерогирање на правната држава која ја киднапира СДС.

Граѓаните гледаат дека Заев и СДС ја нарушуваат безбедноста на граѓаните па затоа на 15-ти октомври ќе ги казнат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски