ВМРО-ДПМНЕ: Кога Алијанса ќе вети уставни измени без да го праша народот, тоа се вика лажење

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на реакцијата од Алијанса за прашањето до Таравари – кои се тие меѓународни фактори истакна дека согласно интересите Таравари решил да биде спаринг партнер на Ковачевски и Ахмети, а со лажење политика не се води.

„Кога Алијанса ќе вети уставни измени без да го праша народот , тоа се вика лажење. Исто така, лажење е кога Таравари ќе стане градоначалник на Гостивар со гласови на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа ќе трча да влезе во влада на ДУИ/СДС. И секако дека се вика лажење кога Таравари вели дека „Меѓународен фактор“ барал од него да влезе во влада, а кога ќе го прашате кој е тој фактор, Таравари ќе избегне одговор. Не затоа што постои таков фактор што тоа го бара од него, туку затоа што согласно интересите на Таравари решил да биде спаринг партнер на Ковачевски и Ахмети, со лажење политика не се води“, нагласи Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања