СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ кочи закони и блокира, граѓаните се уморни од нивното деструктивно однесување

Од:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со погубната стратегија на кочење и блокирање на законите што се од интерес на граѓаните. Кочењето на законите е проследено со дрско лажење и манипулирање.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Магдалена Манаскова дрско ја излажа македонската телевизиска јавност дека немало никакво блокирање на закони и процеси во Собранието, велат од СДСМ.

А што е поднесување на стотици и илјадници амандмани на еден закон, ако не е блокирање на законот? Што е незакажувањето на продолженијата на комисиските седници, ако не е блокирање на закони?

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оневозможуваат Законот за легализација да се донесе до распуштање на Собранието, со што свесно стопираа легализација на стотина илјади објекти на граѓани. Со ваквите блокади ВМРО-ДПМНЕ нанесува директна штета на илјадници засегнати граѓани.

Граѓаните со право се прашуваат зошто ВМРО-ДПМНЕ ги блокира и Законот за огласување ништовност и поништување на правни акти дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, Законот за легализација на бесправно изградени објекти, Законот за опојни дроги и психотропни супстанци, Законот за академија за судии и јавни обвинители и Законот за јавно обвинителска служба?

Граѓаните се изморени од деструктивните блокади на ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април Христијан Мицкоски и неговите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат казнети затоа што работат против интересите на граѓаните и државата, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ