ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да ја прими пораката на Собрание и да поднесе оставка

Од:

Откако за седум години власт СДС го наполни судско обвинителскиот систем со свои послушни луѓе, сега до последно се обидува нив да ги задржи на позициите. Наспроти волјата на мнозинството пратеници во македонското Собрание, а со тоа и против волјата на граѓаните, пратениците на СДС не гласаа за интерпелацијата за главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако судство обвинителската власт нема ниту 2% доверба од граѓаните, СДС не гледа за сходно за се вклучи во промените за подобрување на состојбите и враќање на довербата. Оној кого го обвинуваа дека не ја води како што треба истрагата за трагедијата за Кочани, дека селективно постапува, сега СДС јавно го поддржува и вели дека добро си ја работел работата.

Оттука е јасно дека Кочани им служеше само како тема за појавување во јавноста, за дневно држење прес-конференции и за политички поени. СДС се уште се во коалиција со ДУИ и тоа се виде во Собранието, кога пратениците од двете партии се ставија на штитот во одбрана на Коцевски. Од друга страна, пак, на цела македонска јавност и стана јасно зошто ниту еден човек од поранешната владина гарнитура, и покрај основаните сомненија и обвиненија за сторен криминал и корупција, не е во затвор.

Затоа СДС и ДУИ се штитникот на Коцевски, зашто што и тој, во континуитет, ги штити нивните криминалци. На Венко Филипче, Зоран Заев, секако и Али Ахмети со целата негова фамилија не им фали влакно на косата и се слободни граѓани, токму поради тоа што нивниот криминал го штити Коцевски. СДС и ДУИ се сламката за спас на Коцевски, но и тој за нив и за нивните криминали и криминалци.

Затоа и Коцевски не смее да писне по нивната порака, со доза и на закана, или е со штитот или на него, па и по изгласана недоверба, не си поднесува оставка. Но, сепак, го повикуваме Коцевски барем еднаш да покаже доблест, да ја прими пораката на Собрание во која е пресликана порака и волјата на граѓаните, и час поскоро да поднесе оставка. Народот сака доблесен обвинител во служба и интерес на граѓаните и државата, кој го гони криминалот, а не заштитник на криминалците на СДС и ДУИ, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Државниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски во Собранието