ВМРО-ДПМНЕ: Коалиционата банда СДСМ – ДУИ ќе изгуби на изборите поради криминал и корупција

Од:

„Зоран Заев заедно со ДУИ ќе изгубат на изборите. Токму оваа коалициона банда ќе изгуби на изборите поради криминал и корупција. Второ име на оваа криминална банда е неспособност. Секогаш во предизборието се расфрлаат со слатки зборови и ветувања, кои што за жал остануваат само во нивните памфлети“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дека СДСМ – ДУИ освен криминал и корупција не знаат ништо да сторат е и примерот со мерките за КОВИД-19. Имено, од никакви мерки, непостоење на мерки, наеднаш се премина на радикални мерки кои прават поделби кај граѓаните. Токму тоа значи само дека власта нема концепт и буквално како муви без глави летаат и не знаат што да прават ниту со себе, ниту со државата.

Владата предводена од криминалната банда СДСМ – ДУИ направи погрешен потег, уште една глупост која нема граници, а тоа е примање на бегалци за кои Македонија нема капацитет да ги смести. Додека побогати земји одлучиле да примат едноцифрен број на бегалци, а Владата на Заев која не може за своите граѓани да се грижи ќе згрижи огромен број на бегалци. Со секое јавно појавување на Заев се зголемува бројката на бегалци кои че бидат згрижени во Македонија.

Сите проблеми на граѓаните во врска и со лични карти и со се друго лежи во пораз на СДСМ на локалните избори.

Конечниот пораз и конечното решение на сите проблеми на граѓаните е пораз на криминалната банда СДСМ – ДУИ на локалните избори, веднаш по поразот на власта на локалните избори нови луѓе со нова визија, мотивирани и храбри да работат за интересите на државата и на граѓаните“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ